Доцна синоќа во Скопје се случиле две тешки сообраќајни несреќи, во едната возило заврши на кров, а во другата учествувале три возила и има две повредени лица.
Имено, во едната која се случила на „Партизанска“ во близина на Универзална автомобил удрил во жардиниерата која го дели булеварот, па се превртел на средината од коловозот. Засега не е познато како дошло до несреќата.
Другата, пак, се случила на улицата „Цветан Димов“ и во неа учестувале три автомобили - порше, пасат и шкода во сопственост на МВР. Со телесни повреди се здобиле две лица за кои не се знае во кој автомобил биле. Едниот е препратен во Општата болница Скопје, другиот на Ургентното одделение на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Екипа на СВР Скопје изврши увид на местото на настанот.