Малку е познато дека кралицата Елизабета Втора е одлична готвачка и дека уживала да подготвува специјалитети за своето семејство. Таа е мајстор за англиски палачинки.
Самата кралица еднаш открила дека тајната е во смесата која мора добро да се измати за палачинките да бидат воздушни. Таа секогаш додавала малку сок од лимон во тестото, што на овие палачинки им дава посебна арома.
<b>Состојки:</b>
4 чаши брашно
4 лажици шеќер
2 чаши млеко
2 јајца
2 лажички сода бикарбона
2 лажици стопен путер
3 лажички сок од лимон
<b>Подготовка:</b>
Јајцата се матат со шеќер и половина од млекото да станат пенесто, па се додава брашното и убаво се меша да нема грутчиња. За да ја добиете вистинската конзистентност, додадете млеко по потреба. Потоа додадете сода бикарбона, сок од лимон и стопен путер. После тоа, уште еднаш изматете кратко. На жешка намрсена тава печете ги палачинките и превртете ги убаво да се испечат и да поруменат од двете страни. За филот користете што сакате, џем, еурокрем, нутела или мелени ореви, а можете само да ги посипете со шеќер и така да ги јадете. Пријатно!