Појадок кој брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде
<b>Потребно е:</b>
150 мл јогурт
150 мл млеко
100 г сирење
50 г сирење
2 јајца
1/2 прашок за печиво
1/2 бајат леб
100 г шунка
<b>Подготовка:</b>
Јајцата се матат, се додава млекото и јогуртот со прашокот за печиво. Додадете го сирењето и измешајте. Обложете го плехот со хартија за печење и малку намачкајте го со масло.
Наредете ги коцките леб, па прелијте го со јогурт, додадете шунка и сирење и измешајте со лебот.
Ставете ја во рерна на 200 степени и печете 35-40 минути. Послужете го топло со јогурт. Уживајте во одличниот вкус!
видео: