Мрсна и солена, шарена... сланината е деликатес кој го има на многу трпези. Се јаде во повеќе варијанти, тоа, се разбира, зависи од личните афинитети, а Влада Јовановиќ од селото Венчани кај Аранѓеловац, иако по професија електричар, на сланината и дал сосема ново значење кога од неа направил слатко. Како што вели, рецептот го нашол на Интернет и решил да направи нешто необично, а успеал бидејќи од месен деликатес добил вистинско слатко.
- Најпрво пропржете ја сланината и кога е речиси готова извадете ја од садот во кој прижите. Во преостанатата маснотија додадете кромид и лук што претходно сте ги изблендиралме, сол и бибер. Се динста, па се додаваат доматите кои исто така се изблендирани за да се добијат ситни парчиња кои полесно ќе се преработат во доматно пире, потоа се додава жолт шеќер и јаболков оцет, се динста уште малку и потоа се враќа сланината што првобитно се пржеше. Се заедно останува на оган околу половина час додека не искрчка убаво, а потоа се истура во врели тегли и не се затвора додека не се излади, вели од Влада.
Овој необичен спој на слатко и солено никого не остава рамнодушен.
- Подготовката не е тешка, а рецептот не е тајна. За една мерка се потребни околу 400 грама сланина. Пред употреба се загрева малку за да се ослободи маснотијата, може да се послужи со шпагети, макарони, печење, како прелив, а може да се стави и на леб и да се јаде така. Нема јасно дефиниран вкус, малку е слатко и малку солено, мене ми се допаѓа, а и на моите клиенти кои го консумирале досега“, нагласува Јовановиќ.
Бидејќи е редок деликатес, не му е мала ниту цената, па тегла од 35 грама чини 700 динари.