Без јајца, без печење, без рерна... чоколадна торта лесна за правење и вкусна за секоја пригода
Доколку сакате комбинации чоколадо-торта, оваа торта ќе ги маѓепса сите ваши сетила, семејството и гостите.
Чоколаден колач без печење и јајца, готов за кратко време
Овој рецепт за чоколадна торта со богат фил одлично ќе ви послужи, бидејќи се подготвува многу брзо и лесно... А чокохоличарите сигурно ќе ги воодушеви целосниот вкус на чоколадото!
Чоколадната торта без печење со кремаст фил е омиленото уживање за многумина и е одличен избор за домаќинките кога немаат време да подготват десерт за кој треба долго време да се пече...
Уште подобро, филот се прави само во една тава, а не ви треба ни миксер.
Кората на колачот се подготвува од бисквити (како за чизкејк), па ова ќе биде вистинскиот избор за оние кои сакаат комбинации чоколадо-бисквит.
<b>Состојки:</b>
200 гр мелени бисквити
200 гр чоколадо
700 мл млеко
80 гр путер
60 гр брашно
30 гр шеќер
7 g желатин
лажичка екстракт од ванила
<b>Подготовка:</b>
Соединете ги бисквитот и растопениот путер во компактна смеса, па премачкајте ја како кора во калап (24 см). Калапот претходно покријте го со хартија за печење. Нежно тапкајте го, па оставете го да се излади во фрижидер додека го подготвувате филот.
За филот: Во тенџере измешајте ги брашното, шеќерот и желатинот, па додадете го млекото, па ванилата. Се убаво измешајте и додадете ја чоколадата која сте ја искршиле на коцки.
Загрејте на средна топлина со постојано мешање додека се се стопи и соедини. Филот прелијте го во калапот над кората.
Оставете го да отстои во фрижидер три часа. Посипете со рендано чоколадо или декорирајте по желба.