<b>Состојки:</b>
4 јајца
1 лимон
150 мл. млеко
шеќер по желба
1 кг јаболка
100 мл масло
1 коцка путер или маргарин
малку цимет
100 гр суво грозје
10 лажици брашно
5 лажици гриз
1 прашок за пециво
<b>Подготовка:</b>
Јајцата се матат со 2 лажици шеќер, се додаваат брашното, гризот, прашокот за пециво, млекото, сокот од лимон, маслото и се убаво се меша. Истурете половина во намрсена тава 30х20см. Се пече на 200 степени околу 15 мин..
За тоа време во тенџере растопете го путерот и додадете ги ренданите јаболка, додадете шеќер, цимет и суво грозје по желба. Варете малку додека јаболката не омекнат и не го испуштат сокот.
Изладете се малку. Извадете ја првата кора и прелијте ја со јаболката, па одозгора вториот дел од тестото. Израмнете и вратете во рерна и печете уште 50 минути додека убаво не се испече.