Светот на
криптовалутите очекува важен настан оваа недела бидејќи наградата за рударење
Биткоин ќе се преполови веројатно на 19-ти или 20-ти април.
Според сегашните
прогнози на виенската берза за криптовалути Bitpanda, таканареченото
„преполовување“ ќе се случи во сабота на 20 април по два часот по полноќ.
Споменатото
„преполовување“ е запишано во кодот на Биткоин и се случува на секои четири
години.
Во светот има
само 21 милион биткоини и оваа бројка е практично невозможно да се промени,
така што намалувањето на наградата за рударење би требало да создаде поголем
недостиг и дополнително да ги зголеми цените на биткоинот, пренесува CNN.
Во минатото
„преполовувањето“ ја подигна цената на биткоинот на рекордни нивоа, но овој пат
ситуацијата е поинаква бидејќи Биткоинот веќе неодамна достигна нов рекорд
откако беа дозволени таканаречените ЕТФ, фондови кои ја следат само цената на
биткоинот да излезе на берза
Рударењето на
биткоин станува сè потешко, а Statista известува дека целиот биткоин ќе биде „изрударен“
до 2040 година.