Вечерва во шведскиот град Малме ќе се одржи првото евровизиско полуфинале, по кое 10-те најдобро пласирани земји обезбедуваат пласман и влез во големото саботно финале. Ним друштво ќе им прават најдобрите 10 од втората полуфинална вечер која е во четврток, како и претставниците на петте земји од “големата петорка“ и, секако, домаќинот на овогодинешното најголемо европско музичко натпреварување.
Вечерва настапуваат Кипар, Србија, Литванија, Литванија, Ирска, Украина, Полска, Хрватска, Исланд, Словенија, Финска, Молдавија, Азербејџан, Австралија, Португалија и Луксембург.
Директно пласирани во финалето се домаќинот Шведска, како и Германија, Обединетото Кралство, Франција, Италија и Шпанија. Македонија втора година по ред не учествува на овој музички избор.
Ако некој сака да го гледа првото или второто полуфинале во живо треба да издвои од 175 до 209 евра. Факт е дека оваа сума е превисока, но треба да се има предвид дека организаторите заработуваат и од продажбата на влезниците, а и покрај тоа има купувачи затоа што низ светот врие од вистински евровизиски фанови.
Што се однесува до цената на влезниците за финалето, тие се уште поскапи. За такви билети треба да се издвојат од 287 до 331 евро.