logo
logo
logo

Силвестер Сталоне нуди 11 свои луксузни часовници на наддавање

Vecer | 08.05.2024

Силвестер Сталоне нуди 11 свои луксузни часовници на наддавање

 Наддавањето е закажано за 5 јуни, а на него ќе се најде и „еден од најсложените рачни часовници во светот“ - првично продаден за 2,5 милиони долари.

На добротворна аукција во 2019 година, друг челичен модел „Грендмастер чајм“ (Grandmaster Chime) - часовник во еден примерок, беше продаден за 31 милион долари, поставувајќи рекорд. „Чајмот“ на Сталоне има проценета вредност меѓу 2,5 и пет милиони долари, но многу веројатно ќе се искачи и над тоа.

Меѓу другите скапи часовници, на наддвањето ќе се најде и „Панерај референс ПАМ-00382“ од филмот „Платеници 2“ од 2011 година, заедно со потпишан постер од филмот. Во понудите се и „Панерај референс ПАМ-00269“, „Панерај референс ПАМ-00202“, Панерај референс ПАМ-00332“,  итн. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk