Познатиот актер Бред Пит (60) и неговата 26 години помлада девојка Инес де Рамон (34) уживаа во утринската прошетка на плажа, а папараците очигледно го следеа секој нивни чекор.
Парот уживаше во романтична прошетка во Санта Барбара, а беа среќни и прегрнати. Со овој потег тие ставија крај на гласините дека се пред раскинување бидејќи Инес не може да го поднесе хаосот околу разводот на нејзиното момче и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.
Бред и Инес се видени како се шетаат облечени во бело, со очила за сонце и кафе во рака. Двојката е заедно од 2022 година, а многумина на социјалните мрежи коментираа дека холивудската убавица изгледа многу помладо откако во неговиот живот влезе фаталната Инес.
Да потсетиме, Пит претходно беше во брак со ѕвездата на „Пријатели“, Џенифер Анистон, а нивниот брак се распадна откако тој ја запозна Анџелина на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. После тоа, тој стана холивудски негативец бидејќи многумина беа убедени дека ја изневерува Џенифер со Енџи.
Меѓутоа, подоцна во неговиот живот, сето тоа се „исплати“, кога неговата нова сопруга го обвини за семејно насилство, ги сврте нивните деца против него и поведе долгорочен судски спор, кој трае од нивното раскинување во 2016 година.
Случајот за развод го остави Пит без деца и со сомнителна репутација во Холивуд. Се шушкаше дека е пијаница и насилен, па решил да молчи, да оди на рехабилитација, а исто така ослабел дваесетина килограми.
По неколку години се врати во самиот врв на Холивуд, ја запозна Инес и најде нова среќа во животот.