logo
logo
logo

ШОКАНТНО ВИДЕО:

МАЈКА НА ГОДИНАТА! Едното дете одвај спасило ЖИВА ГЛАВА!

Vecer | 17.09.2021

МАЈКА НА ГОДИНАТА! Едното дете одвај спасило ЖИВА ГЛАВА!

Не ретко се случува родителите наместо да им бидат пример на децата и модел за добро однесување на кој тие ќе се угледаат, да згрешат. Без да размислат дека моментот на нивно невнимание би можел да има долгорочни последици, тие се почесто со своите постапки ги водат сопствените деца кон пропаст.

Видеото кое се појави на социјалните мрежи е доказ за ова.

Имено, една мајка заедно со двете деца сака да помине „низ“ рампата која им се нашла на патот. Бидејќи истата останува спуштена, таа се обидува да ја заобиколи, а децата ги пушта низ неа. И во тој момент се случува нешто неочекувано - рампата почнува да се крева.

Во тој момент едното дете, како што може да се види во видеото, веќе ја има поминато, додека другото останува заглавено, односно успеало само да го пикне вратот низ шипките и останува да виси. Во несреќа среќа, се вели, зашто во близина имало маж кој помогнал детето да биде спасено. Последиците дефинитивно можеле да бидат фатални, и да во прашање биле секунди.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk