Министерот за одбрана Роберт Калинак вели дека состојбата на Фицо е „многу сериозна“ и дека тој сè уште е подложен на операција.
Тој вели дека премиерот претрпел „сериозна траума“ откако биле испукани „неколку истрели“, пишува Sky News.
„Неговата состојба е навистина сериозна, оваа ситуација е лоша“, рече Калинак и им се заблагодари на итните работници кои му помогнаа на Фицо.
Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток на конференцијата рече дека прелиминарните информации „јасно“ укажуваат на политичка мотивација.
„Фицо беше застрелан пет пати“, рече министерот Шутај-Ешток, кој ги обвини социјалните мрежи за атентатот.
Тој ги повика новинарите и политичарите да престанат да шират омраза на социјалните мрежи. „Она што започна сега, многумина од вас го посеаа со вашата омраза“, рече тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата