logo
logo
logo

Шпанија основа фонд за 440.000 жртви на сексуално злоставување од католички свештеници

Vecer | 23.04.2024

Шпанија основа фонд за 440.000 жртви на сексуално злоставување од католички свештеници

Шпанија ќе формира фонд што ќе биде финансиран претежно од Католичката црква за да им плати отштета на околу 440.000 жртви на повеќедецениската сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници, блиски до нив и наставници, најави министерот за правда.

Ваква оценка даде извештајот на шпанскиот омбудсман во октомври по анкета на 8.000 луѓе.

Тогаш беше препорачано формирање на државен фонд, а Црквата беше обвинета дека не соработувала и се обидувала „да ја намали оваа појава колку што е можно повеќе“.

Министерот за правда Феликс Боланос им рече на новинарите дека Црквата, која беше исклучително влијателна во шпанското општество и политика до и по крајот на десничарската диктатура во 1970-тите, со децении не ги исполнила барањата за компензација и дека нејзините реакции на извештајот варирал во зависност од епархијата.

„Сакаме да дејствуваме за да спречиме, да го поправиме и да се обидеме да го вратиме долгот што нашето општество им го должи на жртвите“, рече Боланос.

Владиниот план, кој треба да се спроведе до 2027 година, предвидува сè уште недефинирана формула со која Црквата ќе бара „да го плати целиот надомест или нејзиниот поголем дел, како и гаранција за другите елементи од симболичната компензација“. Боланос рече дека неговото министерство ќе преговара со епископите за придонесот што црквата е подготвена да го плати во фондот и дека има впечаток дека свештенството е подготвено за соработка.

Но, во исто време, шпанската бискупска конференција објави дека не може да прифати план со кој се исклучуваат жртвите на сексуална злоупотреба во други организации бидејќи „претставува осуда на целата Црква и покрива само дел од проблемот“. Во ноември црквата за прв пат објави дека има намера да ги обештети жртвите и во случаи кои не се целосно решени бидејќи во меѓувреме починал свештеник,  кој извршил злосторство.

Боланос рече дека независно експертско тело ќе ги проучува случаите во кои насилникот умрел, оние за кои истекол рокот на застареност или оние кои никогаш не стигнале до суд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk