logo
logo
logo

На Боинг со 176 патници среде лет му отпаднал дел- морал принудно да слета

Vecer | 26.04.2024

На Боинг со 176 патници среде лет му отпаднал дел- морал принудно да слета

„Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации“, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале удар. Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пренесува ABC7 New York.

„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент тобоганот за итни случаи се оттргнал“, рече портпаролот на Делта. За време на инцидентот во Боингот 767 имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.

Патниците биле префрлени во друг авион и нивниот авион полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот на кој му паднал тобоганот за итан евакуација е стар 33 години и нема да биде во служба додека Делта не ја процени неговата состојба. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk