Полицијата верува дека Џонатан Кенди (42) се скарал со сопругата, 39-годишната Линдзи Кенди, а потоа пукал повеќе пати.
-Потоа, тој ја обиколил куќата, барајќи ги децата и пукал во нив. Убиени се 18-годишниот Дилан, 14-годишниот Итан и 12-годишниот Лукас. Ги бркал децата низ куќата, соопшти полицијата, пренесе Еј-би-си Њуз.
Целиот страшен настан го преживеал само десетгодишниот син, кој спиел за време на пукањето. Десет-годишното момче се јавило на 911 во понеделникот наутро и кажало дека сите во куќата се мртви. Засега не е познато зошто 10-годишното момче не е повредено. /МИА