logo
logo
logo

Ердоган: Турција веќе нема интензивни трговски односи со Израел

Vecer | 24.04.2024

Ердоган: Турција веќе нема интензивни трговски односи со Израел

- Повеќе не одржуваме интензивни трговски односи со Израел, тоа е готово. Мојот министер за надворешни работи тоа неодамна го соопшти, посочи Ердоган.

Тој додаде дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ја загрозува безбедноста на целиот регион, вклучувајќи ги и неговите граѓани, само за да го продолжи својот политички опстанок“.

Не треба да дозволиме напорите на израелската администрација да ги отстрани од дневен ред злосторствата против човештвото и масакрите што ги извршија во Газа. Ќе продолжиме со зголемените напори да обезбедиме прекин на огнот и непречена испорака на хуманитарна помош за палестинскиот народ во Газа, посочи Ердоган.

Тој побара поголема поддршка и солидарност од германските власти во борбата против тероризмот.

Ердоган говорејќи за трговските односи помеѓу Турција и Германија наведе дека обемот на трговската размена сега изнесува 50 милијарди долари.

- Се надеваме дека Турција и Германија од сега ќе разговараат за проекти за заедничко производство, а не за препреки, особено во областа на одбраната. Сакаме да ги отстраниме од дневен ред ограничувањата со кои се соочуваме во одбранбената индустрија, истакна Ердоган. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk