Портпаролот на
кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан изјави дека Кина има
право да води трговски и економски односи со сите земји, вклучително и со
Русија.
Вака тој
реагираше на изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека САД
ќе реагираат доколку Кина продолжи да и испорачува на Русија производи кои
можат да имаат и цивилна и воена употреба, пренесува Тасс.
„Правото на Кина
на нормална трговска и економска размена заснована на еднаквост и взаемна
корист со сите земји, вклучително и Русија, не смее да биде повредено или
поткопано“, рече Лин.
Тој изјави дека
Кина „не е ниту иницијатор, ниту учесник во украинската криза“ и дека „на никој
начин не долева масло на огнот и не ја искористи можноста да има корист“ од
војната во Украина.
Лин додаде дека
односот на Кина кон војната во Украина не е променет, односно дека Пекинг е за
преговори и политички договор.
Блинкен претходно
ја обвини Кина дека и испорачува на Русија производи кои можат да имаат и
цивилна и воена употреба.