logo
logo
logo

Дубаи под вода: Невидена поплава и страшно невреме со град и долготрајни грмежи (ВИДЕО)

Vecer | 13.02.2024

Дубаи под вода: Невидена поплава и страшно невреме со град и долготрајни грмежи (ВИДЕО)

Оваа земја е претежно целосно покриена со пустински песок и врнежите се повеќе од ретка појава. Сепак, многу области се погодени од невреме и поплави, објави Скај Њуз.

Најинтензивни грмотевици го зафатија Дубаи. За еден ден наврнале приближно 40 милиметри дожд на метар квадратен, а за два дена наврнале вкупно околу 50 милиметри.

Просечните врнежи за февруари се 10 милиметри, за цела година 80 мм. Така, за два дена во Дубаи паднале 70 отсто од годишното количество врнежи.

Овие многу обилни дождови со грмотевици предизвикаа поплави низ овој милионски град, со многу возила потопени на патиштата.

Поплавени се многу згради, а наводно поплавен е и аеродромот.

Невремето целосно го прекина сообраќајот, а поради невремето откажани се и некои летови.

Имало и моќно електрично празнење низ Дубаи. Громови удирале на сите страни, а во еден момент денот се претвори во ноќ. Во некои области паднал и град.

Забележани се и удари на ветер до 100 km/h.

Дубаи има пустинска клима во поголемиот дел од годината. Температурите во лето достигнуваат до 50 степени, во зима се околу 25, а дожд речиси и да нема од април до октомври. Најголемо количество на врнежи е забележано од јануари до март, кога паѓаат 90 отсто од просечниот годишен дожд.

Инфраструктурата на градот е таква што не може да прифати толку непредвидени врнежи во многу краток временски интервал, како и сувото пустинско земјиште, па се случуваат поплави и порои.

Невремето не го заобиколи ниту Абу Даби, а силни грмотевици погодија делови од Персискиот и Оманскиот Залив, јужниот дел на Иран, северниот дел на Оман, вклучувајќи го и главниот град Мускат.

Температурата деновиве во Дубаи е околу 25°C преку ден, околу 15°C наутро и тоа се просечни вредности за овој период од годината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk