logo
logo
logo

За малку ќе се степаа за пенал: „Следниот пат ќе ги извадам од игра“

Vecer | 16.04.2024

За малку ќе се степаа за пенал: „Следниот пат ќе ги извадам од игра“

Челзи го совлада Евертон со 6:0, а во 64 минута судијата досуди пенал по кој дел од фудбалерите се спречкаа околу тоа кој да го изведе пеналот за 5:0. Кол Палмер, кој дотогаш имаше хет-трик ја зема топката за да шутира за четврти свој гол, но му се испречија Николас Џексон и Нони Мадуеке кој бараа да шутираат. Палмер го оттурна Џексон од себе, тој и Мадуеке се обидоа да му ја земе топката од раце, па притрчаа другите фудбалери за да ги смират.

По мечот тренерот Маурицио Покетино беше лут поради ситуацијата.
Ова е срамно. Кол Палмер е нашиот изведувач на пенали и само тој може да одлучи дали ќе шутира или ќе му даде на друг да шутира. Им се извинувам на луѓето кој ја видоа оваа сцена. На играчите им реков дека ова е последен пат како го толерирам нивното однесување, идниот пат сите ќе ги извадам од игра. Играчите мора да размислуваат за екипата, а не на својот ефект“, изјави Покетино.

Ова не е првпат играчите на Челзи да прават глупости на теренот. Пред пет години голманот Кепа одби да излезе од терен кога Маурицио Сари сакаше да го смени во пресрет на пеналите во Карабао купот против Сити. Тој не сакаше да излезе, а по мечот клубот го казни шпанскиот голман парично.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk