Фудбалерите на Шахтјор (Д) го освоија 14-тиот Куп трофеј во Украина и со тоа го надминаа по бројот на освоени пехари лутиот ривал Динамо Киев.
Популарните „Рудари“ во финалето денеска славеа со 2:1 против екипата на Ворскла. За Шахтјор ова е прв куп-трофеј по пауза од 5 години, откако последен пат се закитија со куп-титулата во 2019 година.
Избраниците на Марино Пушиќ станаа и шампиони на Украина за сезоната 2023/24.