logo
logo
logo

Роналдо суспендиран на два меча и казнет со 5,500 евра!

Vecer | 17.04.2024

Роналдо суспендиран на два меча и казнет со 5,500 евра!

Кристијано Роналдо нема да може да настапи на претстојните два меча за својот Ал Наср. Ова е одлуката на Дисциплинската комисија на ФС на С. Арабија, а е казнет и парично со 5,500 евра.

Во полуфиналето на Купот на С. Арабија, Португалецот против Ал Хилал доби црвен картон. Во еден момент откако ги загуни нервите тој без топка удри противнички играч и тоа со лакт.

Откако доби црвен картон Роналдо почна саркастично да му ракоплеска на судијата и бараше од публиката исто така да му ракоплеска.

Поради сето ова тој мора да “одмори“ на два меча и да си плати 5,500 евра. Сума која е минорна ако се знае дека тој годишно заработува 200 милиони евра во С. Арабија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk