logo
logo
logo

Приоритет не е само замена на Клоп – Ливерпул подготви 60 милиони евра за стопер!

Vecer | 26.04.2024

Приоритет не е само замена на Клоп – Ливерпул подготви 60 милиони евра за стопер!

Германскиот стручњак Јирген Клоп најави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул. Затоа, „црвените“ веќе работат напорно за да го заменат.

Не е само прашањето за нов менаџер што се пробива низ раководството на Ливерпул. Странските медиуми пренесуваат дека ќе има засилувања кога се во прашање играчите.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Вилијан Пачо е на мета на Ливерпул во летниот преоден рок. Станува збор за 22-годишен стопер од Еквадор кој настапува за Ајнтрахт Франкфурт.

Новинарот Џанлука ди Марцио најави дека споменатиот фудбалер ќе биде цел број еден на Ливерпул во следниот преоден рок, а цена му создале и Германците.

Ајнтрахт Франкфурт нема да го пушти за помалку од 60 милиони евра. Конкуренција на Ливерпул би можеле да бидат Арсенал, Тотенхем и Манчестер Јунајтед, кои исто така покажаа интерес за него.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk