logo
logo
logo

Почина екс-играч на Нотингем и на Ливерпул, двоен освојувач на ЛШ

Vecer | 28.03.2024

Почина екс-играч на Нотингем и на Ливерпул, двоен освојувач на ЛШ

Славниот англиски фудбалер Лари Лојд почина на 76 години, објавија медиумите од Англија. Лојд е познат по двете титули европски шампион со Нотингем Форест во далечните 1979 и 1980 година. Тоа беа годините на супер тимот на Нотингем под раководство на Брајан Клаф каде што Лојд бил стандарден дефанзивец.

Лојд кариерата ја почнал во Бристол, во седумдесеттите години играше за Ливерпул предводен од Бил Шенкли. Ја освои титулата во Англија и Купот на УЕФА, одигра преку 200 натпревари до 1974 година и потоа прејде во Ковентри, а потоа во Нотингем Форест додека биле во втората лига. Од 1976 до 1981 година Лојд одиграл 214 натпревари за овој клуб, а кариерата ја завршил во Виган.

По завршувањето на кариерата кратко бил тренер на Виган и Нотс Каунти, но потоа работел како радио водител и се занимавал со продажба на недвижности.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk