logo
logo
logo

Пеп со проблеми пред големото дерби со Арсенал!

Vecer | 28.03.2024

Пеп со проблеми пред големото дерби со Арсенал!

Ако некој човек на овој свет најмногу ги мрази репрезентативните паузи тогаш тоа е Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити. Не се памети тој по враќањето на играчите од своите репрезентации да нема повреди.

Така и овојпат, а веќе во недела го чека големото дерби со Арсенал кој во оваа 2024 година игра во фантастична форма.

Факт е дека Манчестер Сити ни од далеку не може да настапи со најсилниот состав. Се знае дека Пеп не може да смета на Едерсон и Стоунс, се повреди и Вокер, а под голем знак прашалник е настапот на Грилиш, Де Брујне.

По враќањето во клубот од своите репрезентации на повреди се пожалија Бернардо Силва, Халанд, Диас, Аканџи, но според последните информации овие последниве сепак би можеле да играат.

Сепак, без разлика на се, Пеп има големи проблеми со играчкиот кадар и тоа непосредно пред една од најважните средби оваа сезона во Премиерлигата. Инаку мечот се игра на „Итихад“ во недела со почеток од 17:30 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk