logo
logo
logo

Леверкузен си постави нова цел: Сакаме сезоната во Бундеслигата да ја завршиме без пораз!

Vecer | 20.04.2024

Леверкузен си постави нова цел: Сакаме сезоната во Бундеслигата да ја завршиме без пораз!

Минатиот викенд и официјално Баер Леверкузен стана нов шампион во Бундеслигата. Со тоа ја прекина неверојатната доминација на Баерн Минхен.

Интересно е тоа што сезонава, на сите 45 средби во сите натпреварувања, тимот на Чаби Алонсо нема пораз.

Во недела во рамките на 30.коло во Бундеслигата, Леверкузен му гостува на Дортмунд во соседското дерби.

Во пресрет на ова дерби, Чаби Алонсо покрај другото истакна:

Што се однесува до титулата првенството е решено, но сезоната во Бундеслигата не е завршена. До крај сакаме секој противник да го испочитуваме. Првата цел е остварена, станавме шампиони, но сега сакаме сезоната во Бундеслигата да ја завршиме без пораз. Тоа било уште подобро, има уште пет средби пред нас“ посочи стратегот на Леверкузен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk