Хорор вести доаѓаат од Колумбија. На едно од најголемите дербија на планетата меѓу Атлетико Национал и Индепендиенте, фудбалер е погоден со нож во главата.
Фудбалерот на Атлетико, Пабло Чепелини, на крајот од мечот требало да изведе корнер при резултат 2:2, а од трибините полетал нож и го удрил. Чепелини малку потклекнал, паднал на земја, а ножот прелетал покрај судијката, која имала само среќа да не биде погодена.
Неверојатно е што играчот на Атлетико брзо станал од земја и го продолжил натпреварот, па може да се каже дека и тој имал и среќа.
Ова дерби важи за едно од најголемите на планетата, а Атлетико Национал и стана познат на пошироката јавност кога на чело на овој клуб беше Пабло Ескобар.