logo
logo
logo

Карло Тевез заврши во болница!

Vecer | 24.04.2024

Карло Тевез заврши во болница!

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез е примен во болница откако се пожалил на болки во градите. 40-годишниот поранешен фудбалер ја помина ноќта во клиника во Буенос Аирес.

Тој денеска треба да биде подложен на дополнителни тестови. Индепендиенте, клубот кој тој го води како тренер, потврди дека првичните резултати од претресите биле „задоволителни“.

Локалните медиуми најавуваат дека се појавиле проблеми со стресот. Карлос Тевез се уште не се огласил на оваа тема.

Добрата вест е секако дека не станува збор за проблем со срцето или со други витални органи, а ова е само уште еден доказ за тоа како стресот може да влијае на здравјето на поединецот.

Да потсетиме, играчката кариера ја заврши во 2021 година во Бока Јуниорс, клубот во кој ја започна сениорската кариера уште во 2022 година.

Во тие 19 години играше и за Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус, повторно Бока Јуниорс и Шенхуа во Кина.

За аргентинската репрезентација забележа 76 настапи. Постигна и 13 гола. Најголем успех во кариерата секако е освојувањето на Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед во 2008 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk