logo
logo
logo

Гвардиола: Нема да одговарам на прашањата што направил Анчелоти!

Vecer | 18.04.2024

Гвардиола: Нема да одговарам на прашањата што направил Анчелоти!

Без разлика на евентуално незаслуженото испаѓање кога ќе се погледне целиот меч и она што го направија, Пеп Гвардиола излезе како џентлмен во изјавите по натпреварот и уште еднаш покажа колку го цени Реал Мадрид.

„Пред се, честитки за Реал Мадрид. Не жалиме за ништо што направивме, одигравме одлично на сите области на теренот, но за жал не победивме. Создадовме шанси да одиме понатаму, но во фудбалот се гледа на постигнување голови. Им благодарам на моите играчи. Ова е деловен резултат. Тие се во полуфиналето, а ние не сме“, рече Пеп.

Тој откри дека Халанд и Де Брујне барале да бидат заменети.

“Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујне побараа да излезат бидејќи не можеа да продолжат. За да го победите Реал треба да бидете на највисоко ниво. Денес тоа не беше доволно”.

Во своите изјави по натпреварот, Гвардиола директно им кажа на новинарите дека нема да одговара на прашања за тактиката на Карло Анчелоти за паркирање на автобусот.

„Не сум тука да одговарам на прашања за тоа што направил Анчелоти“, јасен беше трофејниот тренер на Манчестер Сити. Јохан Кројф рече дека среќата не постои. Се согласувам со него. Ваквиот пораз боли. Покажавме дека можеме да играме против Реал. Што друго можевме да направиме? Немам што повеќе да кажам?”. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk