logo
logo
logo

Гундоган со искритикува Араухо и тимот

Vecer | 17.04.2024

Гундоган со искритикува Араухо и тимот

Барселона доживеа фијаско во дуелот со ПСЖ во четвртфиналето на ЛШ. Изгуби со 1:4 и испадна од елитното натпреварување. Чави го обвини судијата Иштван Ковач за поразот, а од друга страна играчот за врска Илкај Гундоган не штедеше зборови за своите колеги.
Роналд Араухо во 29 минута направи прекршок за директен црвен картон и со тоа практично ја осуди Барселона на пораз.
Тешко е да се каже што беше причината. Меѓутоа во тие клучни ситуации мораш да бидеш сигурен ако тргнеш по топката. Не сум сигурен дали ја стигна или не… Но јас би дозволил ситуација еден на еден, па дури и да се прими гол. Велам, не знам дали прв дошол до топката или не, но дај му шанса на твојот голман да го одбрани тој шут. Еве, нека дадат и гол.

Ова е ЛШ. Кој и да е противникот тешко е да се вратиш со фудбалер помалку. Разочарани сме. До тој црвен картон го држевме натпреварот под контрола. Искучувањето во толку рана фаза едноставно нѐ уби. Бевме во добра ситуација. Не само поради првиот меч, туку и затоа што први дадовме гол. Се беше во наши раце и дозволивме да ни се лизне. Му поклонивме победа на ПСЖ, а тоа многу ме разочарува“, изјави Гундоган.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk