logo
logo
logo

Досена со автогол му овозможи на Јувентус да освои бод кај Каљари (ВИДЕО)

Vecer | 19.04.2024

Досена со автогол му овозможи на Јувентус да освои бод кај Каљари (ВИДЕО)

Благодарение на автоголот на Досена во 87. минута (ВИДЕО), екипата на Јувентус се спаси од пораз на гостувањето кај Каљари во вториот меч од 33. коло на италијанската Серија А.

„Старата Дама“ беше во негативаи од 2:0 по првите 45 минути од средбата, но до крајот се избори за бод. Каљари успеа да поведе со голот на Гаетано од пенал во 30. минута, а со вториот гол од белата точка кој го постигна Мина во 36. минута веќе имаа предност и од 2:0.

Јувентус се врати во живот со голот на Влаховиќ во 61. минута, а упорноста да дојде до реми се исплатеше во завршницата кога домашните сами ја затресоа мрежата на голманот Скуфет.

Ова е веќе втор меч едноподруго кој Јуве го завршува нерешено, по минатонеделното реми во градското дерби со Торино. Инаку, во првиот денешен меч од ова коло, Лацио со минимални 1:0 славеше на гостувањето кај Џенова.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk