logo
logo
logo

Де Роси: Горд сум што тренирам ваков тим

Vecer | 19.04.2024

Де Роси: Горд сум што тренирам ваков тим

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси ја прокоментира големата победа против Милан од 2:1, со која и официјално се пласираа во полуфиналето на Лига Европа. Менаџерот, кој неодамна го презеде првиот тим, продолжува да прави чуда бидејќи ги пофали своите играчи за нивниот напредок.

„За да го победиме овој Милан ни требаа вештини. Моравме да играме со интензитет, но со интелигенција и тактичко знаење. Само трчање не е доволно. Многу сум горд што тренирам таков тим. Не беше лесно бидејќи Милан е многу силен тим кој игра добар фудбал. Вчера видовме дека дури ни Реал Мадрид не беше активен и се бранеше, тоа го направивме и кога беше вистинскиот момент“, изјави Де Роси.

Римјаните во полуфиналната фаза ќе играат против екипата на Баер (Леверкузен) во реприза на пресметката од истата фаза на турнирот од минатата кампања, кога „волците“ стигнаа до успехот.

„Можеби сакаат да се одмаздат за минатата година кога ги победивме. Ќе видиме што ќе се случи, но очигледно не не сметаат за фаворити. Можеби некој го чекаше Милан во 1/2-финалето од Лига Европа. Имам голема почит кон Чаби Алонсо уште кога беше играч“, додаде Де Роси.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk