logo
logo
logo

Чави прифати да остане, па веднаш ја кажа првата желба за следната сезона!

Vecer | 26.04.2024

Чави прифати да остане, па веднаш ја кажа првата желба за следната сезона!

Иако стигна до четврт-финалето на Лигата на шампионите, што беше незамислива именка во претходните сезони, оваа сезона нема да остане убав спомен за Барселона, бидејќи не освои ниту еден од четирите можни трофеи.

Шпанскиот Суперкуп му припадна на Реал Мадрид, ќе оди и титулата шампион на Шпанија, Атлетик Билбао го освои Кралскиот куп, додека ПСЖ беше подобар во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Пред три месеци тренерот на Барселона и играчка легенда на овој клуб, Чави Хернандез, најави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Како причина го наведе огромниот притисок што го има.

Но, сега реши да ја промени својата одлука. Следната сезона ќе ја започне како тренер на Барселона, а шпанските медиуми наведуваат дека веќе ги потврдил првите засилувања кои ќе сака да ги види на стадионот „Камп Ноу“.

Желбата на 44-годишниот тренер е Пепелу. Станува збор за 25-годишен играч од средниот ред кој игра одлична сезона во Валенсија.

Во декември 2023 година, по натпреварот против Валенсија, Чави го пофали Пепелу во микс зоната по натпреварот. Пепелу не му остана должен и му се заблагодари за комплиментите.

Уште тогаш беше очигледно дека Пепелу му падна во очи на Чави, а сега приказната се засили и не треба да чуди ако го видиме Пепелу во црвено-синиот дрес.

Инаку, Пепелу е дете на Леванте. Тој во 2022 година потпиша десетгодишен договор со овој клуб, но само една година потоа го напушти клубот и замина во редовите на голем ривал.

Валенсија му плати пет милиони евра и му даде договор на пет години. Сега има откупна клаузула од 100 милиони евра која Барселона тешко ќе може да ја плати, но сигурно има шанса во преговорите.

Оваа сезона Пепелу забележа 34 настапи во сите натпреварувања. Постигна шест гола и еднаш асистираше. Да напоменеме и дека за младинските селекции на Шпанија има 13 настапи и два гола, а за А селекцијата никогаш нема дебитирано.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk