logo
logo
logo

Анчелоти продолжува да пишува историја!

Vecer | 09.05.2024

Анчелоти продолжува да пишува историја!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти продолжува да пишува историја. Италијанскиот стручњак го одведе својот тим до финалето во Лигата на шампионите по победата од 2:1 во реваншот со Баерн (Минхен) од 1/2-финалето. Така тој ќе има шанса по шести пат во кариерата да учествува во битката за трофејот на овој турнир, со што ќе стане првиот тренер кој има толку финалиња во ова натпреварување.

Покрај тоа што го води Реал Мадрид (3 пати), Анчелоти има и две финалиња со Милан. Досега има освоено и четири пехари во својата витрина.

Во меѓувреме, и Реал Мадрид забележа ново достигнување, кое тешко дека наскоро ќе биде подобрено. Тимот стигна до своето 18-то финале на турнирот и ќе бара да го освои својот 15-ти пехар. Далеку зад ова чудно рангирање се Милан и Баерн, кои имаат 11 финалиња во досегашната историја.

Тони Крос забележа и незаборавно достигнување. Тој стана првиот фудбалер кој учествувал во 7 финалиња откако турнирот се одржувал во овој формат. Германецот го забележа и својот 150. настап во ова натпреварување, исто како и Томас Милер од Баерн. Пред него се само пет играчи – Кристијано Роналдо (183), Икер Касиљас (177), Лионел Меси (163), Карим Бензема (152) и Чави Хернандез (151).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk