Орхан Муртезани од коалицијата “ВРЕДИ” денеска во изјава за медиумите обвини за полнење на гласачки кутии во избирачкото место 1112/1 во Липково во корист на ДУИ, пишува Алсат.
Муртезани рече дека возачот на Садула Дураку, член на ДУИ, бил фатен како ги полни гласачките кутии.
„Тука сме за да ја осудиме кражбата на гласови, масовното полнење кутии со “бугарски воз” во општина Липково, поточно во избирачкото место 1112/1. Лицето Алексан Рахмани, шофер на Садула Дураку и негова десна рака, е фатен како ги полни гласачките кутии“, соопшти ВРЕДИ.