Во Центарот за обука при МВР денеска беа<span> </span>промовирани новите полициски службеници<span> </span>од генерацијата 2023-2024. Обуката успешно ја завршија 508 кандидати, 416 мажи и 92 жени со среден успех на генерацијата од 541 бодови од можни 600.
На церемонијата беа доделени плакети за 16 најдобри тимови од оваа генерација, а за најдобар од генерацијата 2023/2024 беше прогласен Андреј Тодороски, кому му беше доделена свечена плакета од претседателот на Владата, а доби и пригоден подарок од Македонскиот полициски синдикат.
Она што остана најзабележливо на овој настан е моментот кога новите полициски службеници во еден глас ја пеат „Бисер балкански“.