ЗПСК „Пелистер“
со целосна ангажираност и поддршка од Општина Битола, работи на обнова на
Планинарскиот дом „Копанки“. Со обновата и враќањето во функција на
Планинарскиот дом „Копанки“, срцето на Пелистер повторно ќе се врати, зошто тоа
е еден од симболите на Битола, соопштија од ПСК Пелистер.
Кога во 2021
година после повеќегодишни институционални пречки и стопирања конечно се дојде
до судска разрешница, веќе немаше видливи законски оправдувања за помагање при
обновата на планинарскиот дом Копанки, додаваат тие.
ЗПСК
”ПЕЛИСТЕР”-Битола до општина Битола поднесе барање за обнова на планинарскиот
дом Копанки. Ваквата ницијатива ја прифати Градоначалникот на општина Битола и
дел од Советниците во општина Битола, односно советничката група на ВМРО ДПМНЕ
и коалицијата и советничката група Поинаку и започнавме разговори. Услов за
општина Битола финансиски да ја помогни обновата на планинарскиот дом Копанки
беше спроведување на сите законитости кои важат во Македонија при обнова на
вакви објекти и измена на Статутот на ЗПСК”ПЕЛИСТЕР”-Битола, стои во објавата.
Почитувани
сограѓани, во јавноста од некои “загрижени” лица постојано се искажуваат
невистини и напади врз здружението и негрижата на локалната самоуправа за
обновата на планинарскиот дом Копанки, а сите кои здраворазумно размислуваат ја
гледаат вистината, а тоа е напорите и загриженоста кои ги вложуваат
Градоначалникот и дел од советниците кои уште во почетокот на мандатот на овој
општински Совет застанаа со поддршка за обнова на планинарскиот дом Копанки.
Некоректноста на известувањата оди до таа мера што деновиве се објавија
фотографии од негрижата врз градежните материјали (вреќи цемент) кои се
уништени.
Станува збор за вреќи со цемент од 2018година
кога ЗПСК”ПЕЛИСТЕР”- Битола самоиницијативно ја започна обновата на домот, при  што од тогашната локална самоуправа бевме
запрени, а повеќе од 200 вреќи цемент останаа неискористени. Дел ги ставивме во
најлонски вреќи и сега во овие градежни работи се искористени, но и многу вреќи
со цемент останаа неупотребливи и истите ги користевме како подлога за заштита
на новиот цемент од влага.
На ден 19.08.2022
година, општина Битола на сметката на ЗПСК”ПЕЛИСТЕР”-Битола донираше
3.800.000,00 денари и на ден 21.09.2023година донираше 3.000.000,00 денари.
Благодарение на
поддршката од оваа локална самоуправа, продолжуваме со реконструктивните зафати
со одговорно распределување на буџетските средства за соодветните намени.