Државната
комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека Вишиот управен суд ја
потврдил одлуката во врска со приговорот од организатор на изборна кампања за
вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
„Вишиот управен
суд донесе пресуда со која се одби жалбата на Академијата за судии и јавни
обвинители, со што ја потврди пресудата на Управниот суд, и постапката за прием
на 130 нови слушатели во почетна обука ја стави во мирување, се до завршување
на изборите. Жалбата е одбиена како неоснована“, се наведува во соопштението од
ДКСК.
Од Државната
комисија за спречување на корупцијата посочуваат дека за овој предмет и за сите
наредни предмети, постапила и ќе постапува врз основа на пропишаните закони и
прописи, во насока на зајакнување на владеење на правото, како врвен приоритет
кон кој цели државата.
„Оваа одлука на
Вишиот управен суд нѐ охрабрува и ни дава поттик уште попосветено да ја вршиме
работата за која ја добивме довербата“, истакнуваат од ДКСК.
Управниот суд на
22 април ја отфрли како неоснована тужбата на Академијата за судии и јавни
обвинители против Државната комисија за спречување на корупцијата, откако
претходно ДКСК расправаше по втор пат и одлучи да се стави во мирување
постапката за прием на 130 слушатели на Академијата до завршување на изборите.
Според приговорот
на Силјановска – Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и
јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос
со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.
Во образложението
на приговорот, пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители во јануари
2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни
обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот
тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година, АСЈО го објавила
распоредот за полагање на квалификацискиот тест.
– Овој тест
тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање
работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин
флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и
Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска – Давкова