Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев деновиве е во САД. Оваа информација ќе поминеше незабележително ако тој самиот не се пофалеше каде е, па дури и не испраќаше политички пораки за случувањата во Македонија.
Организатор на патувањето на Заев во САД е организаијата „Center Power Academy“ . Oва веројатно ништо не ви значи, но кога ќе се каже Canvas веднаш станува појасно. Канвас е идејниот творец, организаторот на Шарената револуција, организатор на протестите во 2015 и 2016 година против ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев беше постојан говорник на протесите на шарените, а која е крајната цел на неговото патување сега во САД останува да видиме.
Главен на Канвас е Србинот Срѓа Поповиќ. Тој сѐ работи по книга како што е книгата „Мустра за револуција“ чиј автор е токму Поповиќ.
Бојадисувањето на спомениците, фрлањето боја во фонтаните, протестите, блокирањето на улиците, графитите низ целиот град… сето тоа е изум на Поповиќ.
Лидерот на КАНВАС во книгата вели дека насилното симнување од власт на легално избрани влади е добро испробан рецепт во Србија во деведесеттите, Украина, Сирија, Египет, Тунис. Крајната цел на КАНВАС во овие револуции е да се симне легално избраната власт, а да се донесе т.н. продемократска влада, која би била марионета на Западот.
Во септември 2021 година мојата партија ги загуби локалните избори и јас презедов целосна одговорност и поднесов оставка. Тоа е демократски, некој мора да преземе одговорност и да испрати порака дека политичарите мора да покажат одговорност“, ова, меѓу другото, Заев го изјави на конференцијата во Вирџинија, САД.
Оттука се поставува прашањето дали поранешниот претседател на СДСМ со ова му испраќа порака на актуелниот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски дека е време да си поднесе оставка, особено по дебаклот што го доживеа претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори?!