Наместо за
фризерниците и тренирањето на магариња, за што обвинувана беше поранешната
директорка на Националната агенција за образовни програми и мобилност, Лидија
Димова, ОЛАФ бара државата да врати 2,2 милиони евра злоупотребени европски
пари за случајот за кој токму таа поднесе кривична пријава.
Додека на Димова
сѐ уште ѝ се суди, ОЛАФ бара пари, а сведок тврди дека европските фондови биле
злоупотребени преку мрежа на здруженија, компании, туристички агенции и
училишта и дека едно се нуди за реализација, друго се спроведува на терен, а
трето се запишува во завршните извештаи од спроведените проекти, пишува Фокус.
Новинарот-фриленсер
кој е соработник на порталот нота.мк, Александар Методијев, во серија текстови
обелодени дека Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ бара
Македонија да врати 2,2 милиони евра, пари кои биле наменети за проекти во
Македонија, а биле злоупотребени.
Тој во изјава за
„Фокус“ објаснува дека со истражувањето почнал минатиот септември, кога до него
дошол документ на ОЛАФ, a официјална потврда на барањето да се вратат 2,2
милиони евра стасала од владата која одржала седница на 19.12.2023 и ја
разгледувала информацијата за повратот на средства.
Оваа мрежа имала
своја логистика во Националната агенција, а првопријавеното лице и во кабинетот
на премиерот, како близок пријател на еден од националните координатори во
Владата
Името на ова лице
кое е првопријавено од Димова, а во 2012 и 2013 било истражувано од ОЛАФ засега
не се открива, но поранешната директорка Димова во изјава за „Фокус“ со име и
презиме кажува кој ѝ вршел притисок да ја повлече пријавата.
Димова во изјава
за „Фокус“ вели дека Зоран Заев, во присуство на националната координаторка
Нола Исмајлоска, ѝ наредил да ја повлече пријавата, па токму таа пријава била
изворот на медиумскиот линч против неа и судскиот процес.
Таа се навраќа
токму на пријавата што ја поднела во декември 2019 година за злоупотреба на 2,2
милиони евра до тогашниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески и ги
замрзнала исплатите на сите спорни проекти од пријавата.
– Во април 2020
година, од владата ми беше доставен „поздрав“ со листа на проекти што требаше
да ги „пуштам“. Во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во
присуство на Нола Исмајлоска – од мене побара да ја повлечам кривичната
пријава.
Во октомври бев
разрешена поради „неетичко однесување“ (прашајте го Љупчо Николовски што значи
тоа), а во јули 2021 година, Нола беше именувана за регионален координатор за
ЕУ, се разбира, откако гласаше за промена на името на државата.
Во следните
неколку месеци, новиот директор на Националната агенција, Марко Георгиевски ги
доисплати сите спорни проекти од шемата вредна 2,2 милиони евра – вели Димова
за „Фокус“.
За неа единствена
среќа во цел овој случај е тоа што Брисел бил запознат и додека во кај нас
исчезнувале документи и повторно се појавувале, ОЛАФ си работел.