Не им оди на избориве на кандидатот Стево Пендаровски и СДСМ, и во кампањата се вклучи бившиот претседател на СДСМ Зоран Заев во обид да ја поправи состојбата. Заев нема никаква политчка функција во партијата, но има своја изборна единица 4 и од Стрмица командува и финансира да создаде група од “свои приватни 4-5 пратеници“ со кои ќе се обиде да се вклучи индиректно во идниот политички живот и да создаде политичка моќ преку нив за свои потреби.
Заев се вклучил во кампањата вознемирен од слабата посета на митинзите на Стево Пендаровски кој не може да собере повеќе од 200-300 симпатизери на своите настапи, изгледа осамено, отфрлено, збунето и залутано во кампањата. Освен тоа, СДСМ и Димар Ковачевски очигледно кренаа раце од Стево Пендаровски па никој од врвот на партијата не го ни придружува на митинзите иако, громоглано, на промоцијата во Борис Трајковски го најавија како “свој победнички кандидат“. Само два дена потоа Стево Пендаровски беше отфрлен од СДСМ и оставен сам.
Вклучувањето на Заев во кампањата предизвика револт кај дел од функционерите и активистите на СДСМ кои ова го доживуваат како партиски удар врз сегашното раководство и создавање ранлива карика во партијата бидејќи со сите скандали, корупција, манипулација со правосудството и институциите како и екстремно големото богатство стекнато како премиер е пожелна и лесна мета за опозицијата а меѓу наојмразените политичари во државата.
Неодамнешното видео обраќање на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев во кое тој ја дава својата поддршка за кандидатурата на Стево Пендаровски на претседателските избори, има сила да предизвика шок во гласачкото тело на СДСМ и дефинитивно расчистување со нив и “заевизмот“ во македонската политика.
Зоран Заев признава дека блиску соработувал со Пендаровски и Ковачевски додека бил премиер на Македонија, со што тој го префрли товарот на сопствените неуспеси и корупцијата врз плеќите на овие две лица. Тоа ќе ги чини скапо на изборите и во очите на гласачкото тело.
Заев, меѓу другото истакнува дека со Пендаровски заеднички ветувале "живот во Македонија", враќајќи го сеќавањето на јавноста дека токму Пендаровски беше носител на пратеничката листата на СДСМ во тоа време за изборната единица број 1.
Сега, откако и јавно станува достапно и јасно дека “Заев, Пендаровски и Ковачевски“ се едно исто во три примероци што Заев го признава и потенцира гласачите имаат помалаку дилеми дали СДСМ има намера и по изборите да тера “заевизам“ со сите црни точки што тоа значи.