Целосен молк од
страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на
спорниот странски консултат, Асаф Еисин, кои е вклучен во кампањата на Стево
Пендаровски и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат
дека како и секогаш Пендаровски, Ковачевски и СДС кога се фатени во скандал или
криминал се служат само со навреди, лаги и манипулации наместо да дадат
конкретни одговори на релевантни прашања поврзани со скандалот.
Повеќе од
десетина дена, откако признаа дека се среќавале со контроверзниот израелски
консултат Еисин, нема одговор како тој е ангажиран во нивната кампања, како го
исплаќаат и дали тој е ангажиран за црна кампања, кампања на поделби и
етикетирања. Јавноста заслужува одговори како овој балкански мешетар СДС и
Ковачевски го исплаќаат, бидејќи во ниту еден извештај за финансиско работење
неговиот ангажман не е заведен, и дали истиот е плаќан со црни пари, кеш на
рака, од криминалните тендери на власта, пари украдени од граѓаните,
потенцираат тие.
Нагласуваат дека
исто така од СДС треба да одговорат, дали покрај ангажирањето на Еисин, во
Македонија се дојдени и две други лица, кои се локална поддршка на консултантот
на Еисин, кои се сместени во центарот на Скопје во еден хотел и веќе активно
работат на црната кампања на СДС за претстоjните избори.
Ги повикуваме
надлежните институции веднаш да се одважат и да се ангажираат за расчистување
на овој скандал, да го откријат финансирањето на консултантот и вклучувањето на
странски државјани во кампањата за изборите. Време е за промени. Следува
одговорност за секој сторен криминал, за секој скандал и за секое крадење на
народни пари, потенцираат од партијата.