Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се сретна со професорката и претседателски кандидат Гордана Силјановска-Давкова и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој откри дека и Иванов и Силјановска-Давкова му предавале како студент на Правниот факултет на УКИМ.
- Срдечна средба со претседателот Ѓорге Иванов во Валандово. Претседателот Иванов и професорката Силјановска во студентските денови ми беа професори на Правниот факултет. После изборите на 8 мај ќе бидам еден од ретките кои имале привилегија двајца претседатели да му бидат професори,<span> </span>вели Николоски.
За средбата со поранешниот претседател и колега, Силјановска-Давкова порача дека размената на искуства и мислења се доста значајни за престојниот период.
- Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу теми и да споделиме искуства за кампањите, како и двата негови мандати кои беа исполнети со многу предизвици.Размената на искуства и мислења се значајни за периодот кој ни претстои,<span> </span>порача Силјановска-Давкова.