Македонија последниве години остана без економска база, без производство и услуги кои генерираат нови вредности и нови работни места. Во цел свет во врвот на вредност и профит се компании, а во Македонија на врвот се - банки кои во основа се сервис на бизнисот и граѓаните и сама по себе не создава нови вредности и влијателни нови вработувања, освен заработка за акционерите на банката.
Патем, платите на банкараките службеници, иако нивните фирми се најбогати, се под нивото на успешните компании.
Значи, парите се губст во високите камати и уште повисоките цени на банкасрки сервисни услуги наместо да се вртат во инвестиции и вработуавња, ќарот останува затворен во мал круг акциоенри на банката.
Порталот Пари под лупа ги стави компаниите чии акции котираат на Македонската берза. На број се деведесет кои доставија неревидирани годишни финансиски извештаи кои ја отсликуваат нивната финансиска кондиција во 2023 и во 2022 година.
Најуспешните компании во земјава доаѓаат од податоците од банкарскиот, фармацевтскиот, телекомуникацискиот и градежниот сектор. Тие ја завршија минатата година со најголеми добивки.