Народот сака
промени и сака оваа корумпирана власт на ДУИ и СДС да ја испрати во опозиција.  Резултатите од вчерашниот прв круг на
претседателските избори испратија јасна порака - Македонија ќе биде повторно
горда, Македонија ќе биде повторно своја. Граѓаните ќе жиеват достоинствено и
со гордо крената глава. Доаѓа време кога граѓаните на Македонија ќе бидат во
прв план пред и над се, изјави потпретседателот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски
за вчерашните изборни резултати.
Муцунски истакна
дека вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ.
Граѓаните дадоа
жолт картон на корумпираната власт, и црвен картон на политичките партии кои
донесоа понижувања, национален срам и порази. Вчера се случи политичко цунами,
кое ќе финализира на осми мај со уште поголема победа за ВМРО-ДПМНЕ и испраќање
на СДС и ДУИ во опозиција.  Професорката
Гордана Силјановска Давкова според последните резултати освои 362.682 гласови,
а има повеќе од двојна предност пред Стево Пендаровски кој освои нешто на
180.000 гласови. Преку 182.000 гласови разлика. Во исто време кандидатот на
ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова победи во 60 општини со убедлива
предност, а Пендаровски само во две општини и таа предност и таму е минимална, рече
тој.
Муцунски додаде
дека повеќе од 350.000 граѓани ја избраа чесноста и достојноста, и одговорниот
пристап на професорката Гордана Силјановска Давкова наспроти лагите и
политиканството на Пендаровски и СДС.
Волјата на
народот е јасна. Волјата на граѓаните јасно покажува дека по осми мај
Македонија ќе има нов претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова, и
нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и професорот Христијан Мицкоски.
Дозволете ми да
издвојам дел од резултатите по општини каде јасно се гледа таа волја и таа
тенденција на изразување на глас од страна на граѓаните.
Во општина
Аеродром, во победнички Аеродром, Силјановска Давкова во првиот круг освои
21.145 гласови, Пендаровски 8.950 гласови или разлика од 12.195 гласови.
Во Битола
Силјановска Давкова освои 21.582 гласа, а Пендаровски 11.543 или разлика од
10.000 гласови.
Во Бутел 7.370
наспроти 2.197 или 5.173 гласови разлика.
Во Велес 12.482
гласа за Силјановска, а 5.083 гласови за Пендаровски или 7.399 разлика.
Во Гази Баба
18.125 гласа спрема 4.782, односно 13.343 разлика.
Во Ѓорче Петров,
Силјановска во прв круг има 11.694 гласови, а Пендаровски 4.650, или 7.044
гласа разлика.
Во Гевгелија
Силјановска има 6.354 гласа, а Пендаровски 3.303.
Во Кавадарци
Силјановска има 9.792 гласа, а Пендаровски 4.766.
Во скопски Карпош
14.482 гласа наспроти 9.130 гласа или 5.352 гласови разлика.
Во Кисела Вода
18.183 наспроти 6.205 односно 11.978 гласови.
Во Кичево 7.068
спрема 2.093 или разлика од нешто под 5.000 гласови. Во Охрид за Силјановска
14.702 гласа, а за Пендаровски 5.534 гласа или 9.168 разлика.
Во Прилеп 18.085
спрема 9.668, односно разлика од 8.417 гласа.
Во Струмица,
11.808 за Силјановска, а 9.008 за Пендаровски или 2.800 гласа разлика.
Во Штип, 12.058
спрема 5.610 или разлиика од 6.448 гласови. Во Кочани 8.079 спрема 3.905 или
4.174 гласа разлика.
Помеѓу
Силјановска Давкова и Пендаровски тројна е разликата во Тетово, двојна е
разликата во Струга, Радовиш и Ресен, и убедливо водство има речиси во сите
останати општини во Македонија.
Народот бара
промени, граѓаните сакаат власт која ќе се грижи за државата и која ќе има капацитет да испорача
резултати, реформи, подобар живот, европски стандарди во здравството,
образованието, правосудството, и земјоделството. Влада која ќе ги направи
потребните економски реформи и кои ќе донесат повеќе работни места, повисок
стандард, поголеми плати и пензии, помала сиромаштија и инфлација.
Не чека многу
работа. Најпрво сега со вас граѓаните да ја донесеме победата на кандидатката
Гордана Силјановска Давкова и на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
„Твоја Македонија“, а потоа уште повеќе заедничка работа и посветеност за да ја
направиме Македонија повторно горда и повторно твоја.
Доаѓа време кога
треба да се посветиме на вас граѓаните и на нашата Македонија. Доаѓа време за
работа и дело, одговорност и правда, реформи и европски стандарди, изјави
Муцунски.