logo
logo
logo

Мотоциклист удри пешак на „Партизанска“ и двајцата се повредени

Vecer | 23.04.2024

Мотоциклист удри пешак на „Партизанска“ и двајцата се повредени

На 22.04.2024 во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk