На десет дена од парламентарните избори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека новата влада ќе ја правеле неговата партија и коалицијата на албанската опозиција Вреди.
Тој рече дека на тоа упатувале резултатите од првиот круг на претседателските избори. Во исто време Мицкоски нагласи дека очекува поддршка од лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, за Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори.
Мицковски, освен влада со коалција на ВМРО ПДМНЕ и ВРЕДИ нагласува дека во неа има место и за ЗНАМ. Мицкоски посакува 2/3 мнозинство во парламентот, па најави дека во во владина коалиција има место и за ЗНАМ на Максим Димитриевски, со кој е во разговори.
И од коалицијата Вреди убедени дека постизбирната коалиција ќе биде со ВМРО-ДПМНЕ. Условите за брзи уставни измени и шеф на државата избран во парламентот ги нема во денешната реторика.
Ахмети пак, со директни пораки до Мицкоски дека тој не одредува дали ДУИ ќе оди во опозција.
Но, на ваквите пораки на Ахмети одговараат и Мицкоски и Меџити. Велат граѓаните веќе им одговориле на интегративците.
Но, освен ВМРО ДПМНЕ и Вреди кои отворено застанаа зад ставот ДУИ да остане во опозиција, деновиве критики кон ДУИ се слушнаа и од доскорешниот партнер на Али Ахмети – Ковачевски. Лидерот на СДСМ забележува на тоа што ДУИ не користи европски знамиња на митинците и извикува УЧК на митинзите
Според него, формирањето на основата на владината коалција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ќе се направела затоа што така „народот кажа“.
„Треба да се почитува волјата на граѓаните. Ако го анализирате изборниот резултат, ќе дојдете до следниот заклучок, дека владините кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи освоија вкупно 300.000 гласа. А Гордана Силјановска-Давкова и градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари имаа близу 450.000 гласа што значи за еден и пол пати повеќе“, рече Мицкоски во одговор при увидот на градежни активности во Општина Аеродром.
„Одлучија граѓаните, јас жалам што Али Ахмети во јавноста сака да се претстави како идеолог и многу силен, а во позадина ни праќа емисари и би рекол безусловно сака да влезе во идна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и со „Твоја Македонија“ коалицијата, жалам што Али Ахмети се опкружи со луѓе кои и него го злоупотребуваат, за да прават условно кажано криминал и да ја ограбуваат Македонија и жалам што Али Ахмети опкружувајќи се со овие луѓе наместо да заврши како политички пензионер и да биде идеолог тој ќе заврши како соучесник во криминалот на неговите блиски соработници кои набргу од денеска, македонската јавност, сите граѓани во Македонија без разлика на етничката припадност ќе бидат сведоци, а за што имаме голем број докази“, вели Мицкоски