Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша преку социјалните
мрежи испрати честитка за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска
Давкова.
Честитки до нашата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ и Гордана
Силјановска Давкова за големата победа, објави Јанша на Х.
Честитки за победата на двојните избори испратија голем број
политичари од регионот и Европа.