Социјалистичката партија на Македонија оценува дека
кандидатот за претседател и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи
е постојано активен во смислувањето идеи како да и наштети на државата.
Свесен дека е на заминување и веројатно никогаш нема да може
да биде на функцијата што ја врши, Османи предлага промени кои се неприфатливи
и непристојни.
Неговите напори за напуштање на процесот Отворен Балкан за
да немало влијание од соседите врз Македонија е целосно спротивставување на
интересите на државите, бизнисот и на граѓаните од регионот.
Османи заедно со СДС направија многу за рушење на угледот на
Македонија на меѓународен план, Наместо поврзување Османи се залага за
подредување на Македонија под други држави и за формирање на бордови како
надворешни институции кои ќе бидат управувачи и губернатори со државата.
Заслугата на Османи е што го зајакна антимакедонизмот кај
бугарската политичка елита и ги сруши мостовите меѓу соседни народи. Ги прифаќа
бугарските империјални уцени и лажно ветува дека Уставот ќе се смени за да се
формира нова влада после изборите што е надвор од здравиот разум.
Непознавањето на надворешната политка овој залутан
абдоминален хируг го прави целосно несоодветен и погрешен избор за функцијата
што ја врши. Служејќи на разни геополитички интереси, а против македонските,
Османи станува уште повеќе недораснат за функцијата претседател за која
конкурура со смешни тези и предлози.
Социјалистичката партија на Македонија со индигнација ги
отфрла целосно погрешните идеи на Османи и им укажува на граѓаните дека гласови
за него се гласови за криминалната банда на СДС и ДУИ и нивно натамошно
тоталитарно владеење „како и до сега“.
Единствено решение е избор на кандидатите на Коалицијата
„Твоја Македонија“ кои се вистински застапници и бранители на македонските
интереси<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">, стои во соопштението.</span>