Една од носечките теми која се спомнува во претседателските но, и парламентарните избори, е дека младите се иселуваат поради тешката состојба во општеството која не е само економска туку е хаос со корупција, непотизам, етничка доминација врз Македонците, непостоење на демократски стандарди и почитување на политичка воља на мнозинството, контролирано правосудство и загубени традиционални вредности во семјството и општеството како последица на наброеното.
Како резултат на тоа - младите со своето образованите, потенцијал и енергија се темел на општеството се иселуваат. Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ за претседател, во своите изјави вели “се знае зошто се иселуваат“ избегнувајќи да ги спомне причините бидејќи причините се резултат на работа на извршната власт на СДСМ и ДУИ кои го предлагаат за претседател.
Во “шарената револуција“ се тврдеше дека младите треба да протсетираат затоа што заради лошата власт биле приморани да се иселуваат. Тие, со СДСМ и ДУИ ќе го поправеле тоа и немало да има масовно иселување. Па, за да се расчисти дилемата дали оваа власт ги подобрила условите за живот и намалила ислеување, пред се на младите, да ги погледнеме реалните бројки кои сами наметнуваат заклучок:
Во времето на владеење на минатата власт предводена од ВМРО ДПМНЕ просечно годишно од Македонија се иселувале 21.927 граѓани. Во 2018-та, под власт на СДСМ, се иселиле скоро 50% повеќе - 33.327 граѓани, со стапка на понатамошен раст.
Ако се погледнете и минатата година - од Македонија се ислелиле скоро ДУПЛО ПОВЕЌЕ ГРАЃАНИ во однос на просекот на иселеување во времето на власта на ВМРО ДПМНЕ.
Меѓу два пописи од 2002 до 2021 година анализите покажуваат дека бројот на младите се намалил за шест проценти. Ова се наведува и во најновите анализи „Младите и пописот на населението“ и „Финансирање на младинските политики“ кои беа промовирани во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Северна Македонија”, организирана од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД).
Во анализите се посочува дека земјата има сериозен проблем со младинската емиграција, задржување на младото население во државата и општото стареење на населението.
Според пописот во 2002 година процентот на млади од вкупниот број на население е 24 проценти, додека во 2021 година е 18% - што претставува пад од 6 проценти. Во 2002 година државата имала 480.848 млади, додека во 2021 година има 326.733 млади лица. Во држава која за една година загубила 160.000 млади луѓе кои заминале во странство нема дилема за состојбите во државата за кои одговара само една адреса - власта во државата.