Министерот за правда, Кренар Лога на социјалните мрежи
информира дека добиле повратна информација од турските власти за екстрадицијата
на Љупчо Палевски осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче
Жежовски од Велес.
„Ве информирам дека денес со официјална информација од
Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски.
Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени
мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“,
пишува Лога.
Палевски е во притвор во Турција откако полицијата го уапси
во Баликесир откако избега од земјава.